Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БОРЕЊЕ! Вардар бара Чифлиганец да се врати, воедно најјави одличен настап за Гаџиханов на Е.П.
БОРЕЊЕ! Вардар бара Чифлиганец да се врати, воедно  најјави одличен настап за Гаџиханов на Е.П.

БОРЕЊЕ! Вардар бара Чифлиганец да се врати, воедно најјави одличен настап за Гаџиханов на Е.П.

БК Вардар излезе со став во однос на  вчерашните случувања во Федерацијата за боречките спортови на Македонија (ФБСМ).  Сите се затекнати од  оставката на претседателот Ванчо Чифлиганец и на Насе Насев, од челните фунции  на Управниот одбор, со функција на спортски директор. Во нивниот допис до јавноста за ова случување , нивниот предлог, став и за настап хна Европско на еден наш борач тие велат:

Многу потресни ситуации во сферата на Македонското борење , како што дознаваме од ipon.mk , најголемите работници и највисоките функционери на ФБСМ Претседателот д-р. проф. Ванчо Чифлиганец и спортскиот директор г-дин Насе Насев (тренерот на векот) си дадоа оставки на своите функции ! Голема штета што двајцата , како искусни и ценети личности , не успеаа да воспостават ред и дисциплина , систематска и стручна насочена работа во Македонскиот најтрофеен спорт ! Најголем удел во тоа се има пред се што клубовите се водени од непрофесионални лица , и аматерски тренери , кои гледаат преку разноразните комисии и ИО на ФБСМ само лична афирмација , а не општ интерес и развој на целокупното борење .
ЈАВНО БИ ГО ЗАМОЛИЛЕ Г-динот Претседател да се врати на својата функција и постави сериозна екипа за членови на ИО при ФБСМ, со кои би го извлекол од криза Македонското борење ! Сите останати сегашни членови да апсцинираат и да се заангажираат за подем на своите матични клубови . БК Вардар нема време за препирање и докажување во таа “неразбирлива каша” , но оди понатака со својата стабилна агенда , да се освојат што повеќе места во Македонската Репрезентација !

Од 17-24 јули 2016 , во Штокхолм (Шведска) ќе се одржи Европското Првенство за кадети :
https://unitedworldwrestling.org/event/european-championship-5 каде што за првпат во состав на Македонската репрезентација ќе настапат :
- најголемиот Македонски талент и перспектива на Македонското борење
Рамазан Гаџиханов (58кг слободен стил) син на починатиот Македонски Олимпиец Насир Гаџиханов  и Стефан Пешко (69кг грчкоримски стил)
Бидејќи нашите млади таленти се помлади од дозволената граница до 17 години , ќе имаат право да учествуваат и следната година на истоимената манифестација , која што требаше да се одржи во Скопје , но од нејасни причини организацијата е дадена на БиХ во Сараево !

Им посакуваме голем успех на нашите претставници !

BK VARDAR
www.vardar-wrestling.com