Најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализираше и финишираше во првата година на најезиното функционирање. Дел од лигата беа 11 фудбалски школи од земјавата, а овој број се очекува драстично да се зголеми за следната натпреварувачка сезона. Успешната работа на лицата во Вардар кои се задолжени оваа лига да функционира беспрекорно даде резултати уште во првата сезона. Веќе осум играчи од другите градови се приклучија во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Меѓу нив се и браќата Марко и Матео Софијаноски, кои се нови членови на црвено-црната генерација, родени “2004“ година. Се работи за одлични играчи, кај кои борбеноста е на големо ниво и игра од срце која ја демонстрираат на најдобар можен начин. Несомнено дека нивните играчки квалитети ќе бидат од голема помош за Вардаровата генерација “2004“ да го повторат успехот и во следната натпреварувачка сезона.
-Уште од мали нозе, односно на возраст од три години покажавме голем интерес кон фудбалот, со тоа што најголем подарок ни беше топката. Овој спорт беше најголема наша желба. Љубовта и големата желба да играме фудбал не потикнуваат и понатака да бидеме со овој спорт. Родителите ни даваат целосна поддршка, вклучувајќи го и нашиот дедо Благоја Велковски. Нашите први почетоци се во фудбалската школа Форца, под водство на тренерите Џипунов, Петревски и Лучиќ. Играме активно фудбал веќе 2.5 години. Ние максимално сме посветени и со задоволсво ги извршуваме сите тренинзи и фудбалски натпревари, постигнувајќи голем успех. Со нашето максимално залагање и труд имаме визија да станеме врвни играчи.
“Јуниор“ лигата беше клучниот момент за нивно преминување во фудбалскиот клуб на Вардар. Нивните настапи и игри беа забележани од тренерот Филип Аросовски, во кои препозна квалитет за настап во неговата генерација, која оваа сезона стана шампион во детската лига.
-По добрите резултати кои ги постигнавме со екипата на Форца, каде ние двајцата бевме клучни за многубројните успеси на Форца, тренерот на ФК Вардар од генерација “2004“ ги препозна нашите квалитети и посака да бидеме во неговиот состав. “Јуниор“ лигата е еден многу добар проект, преку кој можат да се “доловат“ многу талентирани играчи. Исто така се дружиме и запознаваме и со деца од другите градови на Македонија. Играме натпревари, преку кои си ги одмеруваме силите и окажуваме успесите. Оваа лига е од големо значење за сите млади таленти кои се занимаваат со фудбалот.
Желба на секое дете е да игра за најголемиот спортски бренд во Македонија. Тоа го знаат и браќата Софијаноски, кои со големо задоволство ќе настапуваат за Вардар.
-За нас доаѓањето во Вардар значи голем успех, бидејки знаеме дека Вардар е број еден клуб во Македонија. Преголемо е задоволството да се игра во црвено-црниот дрес.
Тие беа најзаслужни за добрите резултати на Форца, која успеа со генерацијата родени “2004“ да стигне до елиминациските натпревари во детската лига.
-Поминавме прекрасни моменти во екипата на Форца, на кои постојано се запишувавме во листата на стрелци и постигнавме големи резултати, благодарение на нашите тренери. Бевме едни од “столбовите“ на екипата и се надеваме дека во иднина ќе бидеме уште подобри во редовите на Вардар.
Матео и Марко имаат зацртано некои цели, кои се надеваме дека во иднина ќе станат и реалност.
-Нашите планови и цели во иднина се да продолжиме со успешната работа, со тоа што ќе докажеме дека сме направиле правилен избор да се занимаваме со фудбал. Секако сон е на секој играч да напредува во кариерата и да стигне до некоја силна европска екипа, изјавија браќата Матео и Марко Софијаноски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски