Седловски е многу ценет во хрватската спортска јавност како долгогодишен играч, а подоцна и капитен на “модрите“ . Тој во времето кога игаше за Динамо Загреб имаше прекрасна повеќегодишна авантра со многу домашни и европски успеси со загребчани. Во интервју за хрватскиот медиум „Спортски новости“ тој говори околу престојниот двомеч со Динамо во шампионската лига, Седлоски вели:
Сите мои мисли се насочени кон првиот натпревар што се игра на 12.јули во Скопје. Нема да кажам ништо ново, дека Динамо е фаворит на хартија. Динамо е најдобриот клуб на Балканот, а секоја сезона игра во Лига шампиони или Лига Европа. Но, ние сме Вардар и не се плашиме од никој. Го следам Динамо постојано знам се што се случува во клубот.
Седлоски во интервјуто потенцира дека Вардар е голем проект и дека од како е дојде Сергеј Самсонеко тимот се развива. Жали што во земјава има слаба лига и единствен посериозен предизвик го смета токму тој со Динамо во елитната шампионска лига. На прашањето дека бил капитен на Динамо и е потенцијален тренер на „модрите“, и какви му се емоциите за дуелот:
- Сега сум тренер на Вардар и размислувам само за Вардар и за тоа како да победам поротив Динамо. Нема емоции јас ја работам својата работа сега сум тренер на Вардар и сакам успех. Минав прекрасни седум години во Загреб се сеќавам на се на титулите, Лигата на Шампионите, Загреб е мој втор дом, но за Динамо сега нема да имам попуст. Имам неколку добри играчи во соблекувалната кои играле големи мечеви , минале се јас им верувам и навистина велам нема од што да се плашам во овој двомеч.