Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Филип Ѓоргоски: “Јуниор Лигата“ е прва и единствена која соедини многу школи во Македонија
Филип Ѓоргоски: “Јуниор Лигата“ е прва и единствена која соедини многу школи во Македонија

Филип Ѓоргоски: “Јуниор Лигата“ е прва и единствена која соедини многу школи во Македонија

Најновиот проект на фудбалскиот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализираше и финишираше во првата година на најезиното функционирање. Дел од лигата беа 11 фудбалски школи од земјавата, а овој број се очекува драстично да се зголеми за следната натпреварувачка сезона. Успешната работа на лицата во Вардар кои се задолжени оваа лига да функционира беспрекорно даде резултати уште во првата сезона.  Како “плод“ на дебитанската сезона е преминувањето на осум играчи од регионалните школи кои се дел од “Јуниор“ лигата во младинските екипи на ФК Вардар. Еден од нив е Филип Ѓоргоски кој од школата Еврофудбал премина во Вардаровата генерација, родени “2003“ година.  Во следниов текст ќе ве запознаеме со ова младо момче, кој со своите игри во дресот на Вардар многу ветува и се очекува да биде значајна “алка“ во играта на црвено-црните.

-Мојот дом се наоѓа непосредно до фудбалските терени во Охрид. Татко ми кој е голем љубител на фудбалот уште од мојата петта година ме носеше да ги следам сите фудбалски натпревари на повозрасните. Секој момент поминат на трибините кај мене влеваше жар да ја имам топката и да играм како нив. Мојата желба за фудбал стануваше се поголема, но дојде и тој момент кога мојата желба се оствари. На мојата шестта година се зачленив во фудбалската школа ФК Еврофудбал од Охрид, под водство на тренерот Ацо Вељаноски кој ме воведе во првите чекори во фудбалот и ми даде голема инспирација за да го засакам фудбалот. Мојата визија за фудбалот преставува упорност, максимално залагаље и дисциплина за постигнување успех.

Филип игра на позицијата централен дефанзивец и заедно со неговиот соиграч и капитен Филип Ѓоргиевски ја сочинуваат главната стоперска линија кај оваа генерација. Неговиот квалитет беше препознаен од страна на тренерот Андовски, за време на летниот камп организиран минатата година во Дојран.

“Јуниор Лигата“ е прва и единствена лига која спои многу школи во Р. Македонија. Овој Проект е од големо значење за сите кои се занимаваат со фудбал, а особено за оние кои можат да бидат препознаени како талентирани фудбалери од страна на тренерите на ФК Вардар. Кампот кој беше организиран од страна на ФК Вардар за мене претставуваше големо искуство и стекнување пријателства со многу другарчиња од цела Македонија. Во петдневниот престој на кампот во Дојран беа пријавени многу деца кои беа бурно следени од тренерите на ФК Вардар. Мојот талент за фудбал го забележа тренерот на ген.2003 Ане Андовски.По завршувањето на тој камп имав голема желба да станам член на Фк Вардар , најтрофејниот клуб во Р.М. Таа желба брзо ми се оствари бидејќи бев повикан од страна на тренерот Ане Андовски да играм на силниот турнир во Бугарија. Тоа за мене претставуваше голема чест и задоволство да го облечам црвено црниот дрес на најперспективниот и најтрофејниот клуб во Македонија.

Вардаровата генерација “2003“ стигна до завршниот турнир во детската лига, каде беа поразени од екипата на Постолов Пандев.

-Во есенскиот дел од сезоната во детската лига завршивме без ниеден пораз и бевме први на табелата. На почетокот на вториот дел имавме мала криза но за кратко време се вративме со нашата препознатлива игра, со што го задржавме првото место на табелата. Во завршницата на детската лига во 1/4 финале несреќно загубивме од екипата на Постолов Пандев од Штип. И покрај добрата игра и големите шанси, среќата беше на страна на противникот.

Репрезентативниот дрес е приоритет на секој играч, кој започнува да се занимава со фудбал. Тоа е желба и на младиот охриѓанец.

-Желба за секој играч е да игра во некој голем клуб и да го носи дресот на нашата репрезентација. Тоа е мојот сон, кој може да ми се оствари со голема упорност и желба, изјави Филип Ѓоргоски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски