Вардаровата генерација родени “2007“ година од следната сезона ќе биде посилна за еден од најголемите млади талентирани фудбалери. Се работи за перспективниот Александар Грашески кој има само 8 години и е еден од најдобрите играчи на оваа возраст, со забележителни настапи на младинските фудбалски турнири. Во следниов текст ве запознаваме токму со ова момче, кое ќе претставува големо засилување за оваа генерација, која ќе се обиде да го одбрани трофејот освоен во детската лига за изминатава сезона.
Александар Грашески е роден на 14.02.2008 год во Скопје. Фудбалската топка, која му е единствена за првпат ја почуствува на три годишна возраста. Кога има петипол години се запишува во фудбалска Школа Спорт Ефе, каде под палката на тренерите Дејан Цветковски-Мали и Раде Каранфилоски тренира три години. Талентот кој го поседува е забележан од многу фудбалски работници, меѓу нив е и Томче Трајановски кој неуморно инсистираше да премине во редовите на големиот ФК Вардар. Александар и љубовта кон фудбалот најверојатно се родени заедно.
-Откако сум во ФК Вардар мојот сон стана реалност, да бидам во ваков клуб со вакви услови и ваква Академија. Голема благодарност до моите соиграчи-другарчиња од кои сум многу добро прифатен, посебно од нашиот тренер Томче Трајановски. ФК Вардар и координаторот Павел Неделковски ми дозволија да настапувам со генерацијата родени 2007 година, со кои имаме освоени некои турнири, како и најдобар стрелец на Битолскиот турнир “Новаци“. Во периодот што следи и наредната сезона ветуваме добра игра и многу освоени високи позиции. За разлика од другите имам три желби, од кои едната веќе ми се оствари. Да настапува за клуб како Вардар, еден ден да играм во голема европска екипа и секако да бидам репрезентативец на Македонија, изјави Александар Грашески за нашиот сајт.
Звонко Ивановски