Викендов имате можност да се дружите и да се забавувате со фудбалерите на ФК Вардар во Градскиот Парк, да им дадете морална поддршка пред дуелите во Лигата на шампионите против Динамо Загреб. Во Скопје дуелот е закажен за во вторник со почеток во 20 часот и 45 минути.
Престојниот викенд ФК Вардар нуди можност повторно да се дружите со нашите фудбалери пред натпреварот во вторник со Динамо Загреб во рамките од Лигата на шампионите. Денес и во недела на 9 и 10 јули од 10 до 22 часот се организира Фан Зона на „Школка“ во Градскиот парк. Истата веќе е и официјално е отворена, повелете на дружба со играчите и доста забава.
НАПОМЕНА: Продажбата на картите за Запад кај Комити исто така на 9. и 10. јули, ќе продолжи во Градскиот парк на Школка, во склоп на Фан зоната.