Утре со почеток од 20:45 часот на арената “Филип Втори“ ќе се одигра првиот дуел од двомечот помеѓу екипите на Вардар и Динамо Загреб, во рамките на второто квалификациско коло од лигата на шампионите. Новиот кормилар на хрватскиот првак, Златко Крањчар во пресрет на овој меч за хрватските медиуми изјави дека неговиот тим оди на победа во Скопје.
-Апсолутно дека ќе одиме на победа во Скопје. Фокусирани сме да постигнеме резултат, кој ќе ни ја олесни работата во вториот натпревар. Очекуваме цврст натпревар, бидејќи голем е влогот за двете екипи. Се надевам дека моите играчи ќе докажат дека сме поквалитетни од нив и дека радосни ќе се вратиме во Загреб , изјави Крањчар.
Динамо веќе пристигна во Скопје и вечерва се очекува да го одработи првиот тренинг на “Филип втори. Во пресрет на овој натпревар, денес пресконференција одржа и фудбалскиот клуб Вардар кој ги изнесе своите очекувања за овој важен натпревар.