Голманското трио на црвено-црните: Арпад Штербик, Петар Ангелов-Диви и Страхиња Милиќ -Џамбо заедно со младиот Даниел Ѓорѓески (кој ќе настапува во Вардар јуниор) под будо око на тренерот на голманите во црвено-црните Горан Симиќ се подготвуваат за предизвиците во новата сезона, каде ќе настапуваме во ЕХФ ЛШ и СЕХА-Регионалната лига. Во продолжение низ кратко видео Вардар фанс ви ја носи атмосверата помеѓу “чуварите на црвено-црната мрежа“.