Најверните навивачите на фудбалскиот клуб Вардар вчера за време на натпреварот во Струмица меѓу Вардар и Слога извадија транспарент, посветен на нивниот град и погинатите во несреќата пред два дена . Тие и претходно вчера најавија дека ќе преземат иницијативи од хуман карактер да им се помогне на семејствата на загинатите од големите поллави во главниот град. На вчерашната парола на најверните следбеници на црвено-црниот фудбалски колектив го пишуваше следново:
“ПОПЛАВИ, ЗЕМЈОТРЕСИ СКОПЈЕ ГО РУШЕЛЕ – ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР“
фото:гол.мк