Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2002“ година не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот “Скопје “куп“. По двете воведни победи ( Буба Мара и Брегалнца), избраниците на Петар Ѓорѓиевски во наредните два меча од групната фаза забележаа порази и на тој начин ги загубија шансите да играат во полуфиналето. Утрово на теренот во населбата Ѓорче Петров, црвено-црните беа поразени од своите врсници од Осијек ( Хрватска). Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:0, а истиот беше актуелен и по првото полувреме.
Вардарци на овој натпревар започнаа во следниов состав: Станковски, Ѓурковски, Величковиќ, Крстевски, Давидовски, Трајановски, Илиевски, Речица, Салиу, Игнатов и Фазлиу.
Во последниот меч од групнава фаза попладнево на истиов терен, нашите млади надежи одиграа натпревар против екипата на ФК Талент од Битола. Истиот заврши со нерешен резултат 1:1. Тука по првиот дел резултатот беше оној почетниот 0:0. Во вториот дел, противникот беше прв кој успеа да погоди за 0:1. До крајот на дуелот Леонид Игнатов успева да постигне гол за поделба на бодовите.
ФК Вардар: Величковски, Пешовски, Асенов, Симев, Врзалковски, Ѓоргиевски, Шабани, Петејчук, Димитров, Стојанов, Веловски.