Прва победа на третиот контролен натпревар за екипата на РК Вардар Јуниор. После поразот од Еурофарм Работник и нерешениот резултат против Борец, избраниците на Стојан Петрушевски славеа во дуелот со екипата на Радовиш. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 31:26.
Првото полувреме помина доста израмнето на двете страни, што говори и самиот резултат од 14:14 по првото полувреме. Ниедна од двете кипи во овој дел од натпреварот не успеа да се одлепи на поголема разлика од два гола. Многу подобра игра за нашиот млад состав во второто полувреме, иако и во првите десет минути од мечот се играше гол за гол. На средината на вториот дел успеавме да направиме серија од три псоледователни гола и за прв пат да се одлепиме од противникот. Ова се покажа како клучен период за конечниот победник на овој меч. На крајот се покажа како повисок триумф, изразен со пет голови разлика (31:26).
Ова е одличен резултат за младите Вардарци, кои на овој натпревар настапија без свои пет соиграчи. Очнев, Ѓорѓески, Недановски и Поповски тренираат со првиот тим, додека десниот бек Стефан Трпчевски се пожали на повреда пред овој меч. Најефикасен во победата против Радовиш беше Ристо Вујачиќ со 7 гола, додека Мартин Манасков додаде 6.
ВАРДАР Јуниор: Кизиќ, Ивановски, Стојковски 3, Ристов, Манасков 6, Кукуловски 1, Димовски 4, Симиќ, Ангелов 1, Вујачиќ 7, Димов 3, Анастасовски 3, Георгиевски 2, Ангелковски 1.
Од денес екипата заминува за Маврово, каде ќе го одработи вториот дел од подготовките.