Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Подмладениот РК Вардар јуниор го плати данокот на неискуство во суперлигашкиот дуел со Прилеп

Подмладениот РК Вардар јуниор го плати данокот на неискуство во суперлигашкиот дуел со Прилеп

Ракометарите на Вардар јуниор вчера во првото суперлигашко коло во сезоната 2016/2017 стартуваа нагости во Прилеп кај истоимениот домашен ракометен клуб. Подмладениот состав на Јуниор кој од сезонава од клупата ќе го води Стојан Петрушевски  одигра одлично прво полувреме, но го плати данокот на неискуството на младиот ракометен состав во првиот за нив суперлигашки дуел во вториот период.

Нашите млади момци имаа голем пад во играта во второто полувреме на гостувањето , и загубија со 31-24, а пак на полувремето отидоа минимална негатива од 13-11. Мечот први го отворивме со водство од 0-1 преку Манасков Мартин во првата минута од мечот. Потоа следеше голем пад во нашата игра и домаќините направија серија од 5-0 одлепувајќи се на 5-1. Се играше гол за гол на двете страни паднаа по три погодоци, разликата остана иста плус четири за прилепчани, резулатот на семафорот во салата при  СОУ “Ристе Ристески“ гласеше 8-4. До крајот бевме рамноправни противници, на моменти и подобри од домаќинот . Успеавме да го ублажиме минусот и на одмор заминавме само со мунус два, 13-11. Во тој период примивме пет а постигнавме седум погодоци. Вториот дел домаќините го почнаа со серија од 3-0 и го зголемија водството на 16-11. Тие во текот на вторите 30 минути постојано имаа водство кое не го губеа, повремено го зголемуваа, а ние во ниеден момент не успеавем да се доближиме и да го загрозиме нивното водство. Младите ракометари на црвено-црните можеби денес го платија данокот на неискуството, но покажаа дека во нив сепак има потенцијал кој на следните мечеви треба да дојде до израз. Манасков Мартин беше најдобар стрелец кај нас со 7 гола,  по три  гола постигнаа  Вујачиќ Ристо и Димитровски Иван.