Според гласењето на новинарите, дописниците и соработниците во ЕХФ, нашиот ракометен шампион е рангиран на високото четврто место во Европа. Според овој ранкинг, Вардар би требало да биде четвртиот патник на завршниот турнир во лигата на шампиони. Последниве три сезони, Вардарци стигаа до четвртфиналната рунда и им недостасуваше на моменти среќа да се најдат во Келн. Со новите засилувања и неколкуте промени во тимот, се надеваме дека оваа сезона ќе биде среќна за остварување на посакуваната цел. Интересно е што во најдобрите четири екипи ги нема актуелниот европски првак, тимот на Киелце, ниту пак Барселона. Веспрем е број еден фаворит за освојување на ЛШ, додека во потесната четворка се најде и Рај Некар.
Вака изгледа листата на ТОП-10 најдобри екипи во Европа:
1. Веспрем
2. ПСЖ
3. Рајн -Некар
4. Вардар
5. Фленсбург
6. Барселона
7. Киелце
8. ППД Загреб
9. Пик Сегед
10. Кил
Победите против екипите кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите, Мешков Брест и Висла Плоцк во подготвителниот период значи дека Вардар веќе има квалитетен тим, што му овозможи на новото засилување Жоан Канељас да го прикаже најдоброто од неговите квалитети. Исто така, напорната работа изгледа започна да дава резултати за момците на Раул Гонзалес, откако забележаа три победи и реми во СЕХА лигата, вклучувајќи ја победата во скопското дерби против Металург и убедливата победа над Веспрем (29:22).“