Црвено-црните се речиси 1/4-финалисти одккао денес со пресврт победија кај Влазерими во 1/8финалето од Купот на Македонија. Тие однесоа победа со резулат 1-3 (1-0). Вардар денешниот дуел го започна во следниот состав: На голот беше младиот Игор Алексовски, во одбраната беа Владица Брдаровски, Горан Попов, Дарко Велковски и Немања Мијушковиќ. Во средината играа Глигоров, Николов, Грозданоски, Асани и Петар Петковски како поддршка беа на напаѓачот Џон Обрегон. На клупата за резерви беа: Филип Гачевски, Евгениј Новак, Хуан Фелипе, Благоја Љамчевски, Виктор Велкоски, Филип Стојчевски и Есмин Личина.
Вардар започна напаѓачки. Лошиот терен и дождот си го направија своето. Првата шанса ја имавме преку Глигоров во 6 минута кој доби една убава топка од Петковски, биеше од 15-сетина метри, но млако по средината од голот на домаќинот. Се играше и 15 минута од натпреварот, Вардар ја имаше топката во своите нозе, но без поголема закана кон голот на домаќините. Првиот жолт картон беше доделен во 15 минута, а го доби играчот Адрит Зеќири од Влазерими. Во 17 минута Вардар имаше 100%, Обрегон убаво проред по страна и додаде до Петковски кој ја промаши топката, но таа дојде до Глигоров, но нашиот капитен денеска биеше од 5 метри високо над голот. Во 21 минута Петковски биеше но во рацете на голманот Незири. Уште еден млак удар по голот на домаќинот овој пат го упати Николов. Бомба удар на Асани во 25 минута, но само во стативата од голот на домаќините. Студен туш. 43’ минута Влазерими води со 1:0. Акција од левата страна преку Фетахи кој додаде до Хасан кој што стрелаше во мрежата на Алексовски.
Втор дел почна со две шанси за одбележување за домаќините. Домаќините има прилика преку Ибраими кој се најде сам пред голот, но во последен миг Николов исфрли во удар од аголот. Во едната Ибраими изведе удар од аголот до Балажи со волеј шутна крај стативата на црвено-црните. Конечно изедначуваме добивме удар од 11 метри, Фелипе е го изведува пеналот шутира силно во левиот долен агол по играта со рака на голманот Балажи во 56 минута. Две минути потоа домашниот играч Алиу игра со рака и повторно е досуден нов пенал за нас. Бразилецот повторно шутира и повторно е успешен , овој пат шутна горе. Вардарци тргнаа целосно да го совладаат домаќинот од Кичево, прилика за Љамчевски кој влезе во вториот дел , тој во 62 минута шутира во стативата од голот на Влазерими. Во 75 минута имаме нова прилика, овојпат преку Глигоров тој шутна во голот на домашните 20 метри , сепак голманот на домаќините беше на место. Успеваме и да погодиме третпат, со што сме сигурно 1/4 финалисти во Купот на Република Македонија. Се играше 81 минута од првиот 1/8-финален дуел проработе врската помеѓу младите фудбалери, голот го постигна Стојчевски кој влезе на место на Обрегон, тој со глава е забива по одличното нафрлувањето од Асани Докрајот напаѓавме и имавме прилики и за четврти погодок. На три минути пред крајот Асани се обиде, а во 90 минута шанса имаше Глигоров кој се обиде од дистанца, сепак и двете топки отидоа иако блиску надвор од рамките на голот на кичевскиот второлигаш.