Утре со почеток во 18 часот и 30 минути, со директен пренос на МРТВ 1, РК Вардар ќе го одигра и третиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Нашиот тим, по убедливите победи против Кристијанштад и Мешков Брест, утре ќе има задача да го совлада и тимот на Целје од Словенија. Овој тим нам ни е многу добро познат, бидејќи и во СЕХА лигата оваа сезона одигруваме натпревари против овој словенски тим.
Оваа сезона веќе еднаш се сретнавме со тимот на Целје, и тоа токму на теренот на кој ќе биде одигран утрешниот натпревар. Значи, и теренот ни е добро познат, како и голем дел од играчите. На натпреварот кој се одигра на 17 Септември, нашиот тим славеше со убедливи 40:29. Целје на тој натпревар беше немоќен пред напаѓачката машинерија на Вардарци. Инаку, овие два тима, уште на два пати се имаат сретнато. И тоа: Во 2014, во рамките на Л.Ш, нашиот тим на домашен терен славеше со резултат 34:32, а првиот натпревар беше одигран во Словенија, исто така во 2014 година, а и на тој натпревар нашиот тим беше поуспешен и победи со еден гол разлика. Значи, во меѓусебните дуели против Целје, имаме три победи од исто толку натпревари.