Овој викенд се враќаат возбудувањата во првата македонска фудбалска лига. Шампионот на Македонија, ”црвено – црниот” тим на овој викенд пред себе има жешко гостување на стадионот во скопската населба Чаир. Ова значи дека со ова десетто по ред коло во ПМФЛ и официјално започнува вториот таканаречен круг во најквалитетната македонска фудбалска конкуренција.
Фудбалската федерација на земјава ги делегираше судиите за мечевите викендов. За мечот Слога-Вардар “човек во црно“ да биде кумановецот Ѓорѓевски Далибор. На него во арбитрирањето ќе му помагаат Тошевски Саше од Скопје и Стефановски Орце од Кратово. Четврти судија е скопјанецот Стојчевски Дарко, апак делегат на дуелот е Костадинов Ѓорѓе од гевгелиско Миравци. Мечот ќе се игра на Стадион Чаир, во недела со почеток во 14-30 часот.