Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Фк Вардар со предност ќе го стартуваат реваншот, против Металург во купот
Кадетите на Фк Вардар со предност ќе го стартуваат реваншот, против Металург во купот

Кадетите на Фк Вардар со предност ќе го стартуваат реваншот, против Металург во купот

Денес на теренот на Локомитива се одигра првиот меч од полуфиналниот дуел во националниот куп, помеѓу кадетите на Вардар и Металург. Црвено-црните забележаа минимална победа од 1:0 и со значајна предност ќе го дочекаат реваншот на теренот на противникот. Стрелец на единствениот погодок беше Јасир Беќири во 20 минута.

Иако речиси цел натпревар нашите момци го играа со играч помалку, поголемата желба за победа и изгинувањето на терен беа пресудни за триумфот. Во петата минута директен црвен картон доби нашиот голман ,Филип Трајчевски кој по една акција на Металург направи прекршок, повлекувајќи го за дрес напаѓачот на противничката екипа. Беше принуден да го напушти теренот, а неговата голманска замена Александар Ѓоргиоски се покажа како вистинско решение, и сигурно беше број еден играч на натпреварот, спасувајќи го во неколку наврати својот гол.

Избраниците на Марковски во продолжението беа принудени да се повлечат, но сепак ја затресоа мрежата на Металург. Само една 100 % шанса имаше Металург, кога во 75 минута ја погодија пречката. Кадетите на Вардар со значајна предност ќе го дочекаат реваншот, чиј термин на одигрување сеуште не е познат. Оваа Вардарова генерација сеуште никој не успеа да ја победи. Момците покажуваат вистински победнички карактер, кој го наметнуваат на секој натпревар. Сите линии во нивната игра функционираат беспрекорно.