Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Матеј Андов единствениот Вардарец, кој доби повик за настап за фудбалската репрезентација до 16 години на контролните мечеви со Бугарија
Матеј Андов единствениот Вардарец, кој доби повик за настап за фудбалската репрезентација до 16 години на контролните мечеви со Бугарија

Матеј Андов единствениот Вардарец, кој доби повик за настап за фудбалската репрезентација до 16 години на контролните мечеви со Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација до 16 година во наредниве три дена ќе одигра два пријателски натпревари со соодветната селекција на Бугарија. Мечевите ќе се одиграат во Благоевград денес и во петок и истите ќе започнат од 15 часот.

Селекторот на Македонија, Горан Станиќ  го одреди списокот на играчи на кои ќе смета за овие контролни натпревари. На него се најде и Матеј Андов, голманот на помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар. Тој е единствениот играч од Вардар, кој доби повик за настап на пријателските мечеви со Бугарија.