Во среда на програмата е вонредното 17.коло во првата македонска фудбалска лига, во истото нашиот црвено-црн фудбалски тим гостува во Битола. Македонското дерби помеѓу Пелистер-Вардар ќе се игра на 30-ти ноември со почеток во 13-00 часот на стаднионот во Битола.
Фудбалската федерација за главен арбитар на овој меч го одреди македонскот интернационален судија Александар Ставрев. Вардар веќе на две кола до крај со шест бода пред единствениот конкурент ФК Шкендија од Тетово е “есенски првак“ на Македонија. Очекуваме поволен расплет во Битола во дуелот со зелено-белите, кои се третопласираниот тим на табелата.