Денес со почеток од 18 часот ќе се одигра дерби натпреварот од најсилната група Б во лигата на шампиони. Вардарци гостуваат во Полска, на актуелниот европски шампион екипата на Киелце. Ова е дуел за прво место во оваа група, кој ќе победи може на крајот да се надева дека ќе заврши на врвот во оваа група, а со самото ќе обезбеди директен пласман во четвртфиналето. Влогот е голем за двата тима, од тука и големата важност на денешниот натпревар. Ова ќе биде трета среќа за црвено-црните да слават на гостувањето во Киелце. До пред овој меч на два пати имаме играно со Киелце во Полска и двата завршија во корист на противникот. Едниот беше во сезоната 2014/2015 во рамките на реванш мечот од четвртфиналето кога Киелце славеше со резултат 33:31 и обезеди пласман на завршниот турнир. Вториот беше минатата сезона кога исто во најсиланта грпа Б, Полјаците славеа повторно тесно со резултат 23:20. Нивните меѓусебни во Полска секогаш носат неизвесност за победникот до самиот крај. Кој ќе победи вечерва ќе биде на врвот на табелата после одигрување на девет кола.
Моментално лидер е екипата на Пик Сегед која после триумфот на Целје за момент се најде на првото место во групата со 13 освоени бодови. Рајн-Некар пропушти иста можност со победа во Загреб да се искачи на врвот, но бундеслигашот беше поразен со резултатски пресврт во вториот дел. Вардар покажа оваа сезона дека знае да одигра квалитетно на гостински терен, како што се победите против Целје, Кристијанштад и Рајн-Некар.
Сепак денес пред себе имаме голем предизвик во името на Киелце, кој е актуелен европски шампион и екипа која игра доста цврст но на моменти и груб ракомет. Тоа е стилот на игра кој го применува Талант Душебаев, на кој тешко може да се парира посебно кога Килеце игра пред домашната публика. Двете екипи имаат по шест победи и два порази, но поради подобрата гол разлика, Вардар е пред нив на табелата. Како ќе биде изгледот на табелата ќе видиме по комплетирање на ова коло и натпреварот кој во 18 часот ќе започне во Киелце. Директен пренос може да се проследи на МРТ-1.