Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Пет меча казна за Којашевиќ

Пет меча казна за Којашевиќ

Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука да ги казни Дамир Којашевиќ и Фисник Нухи дури со пет меча казна поради инцидентот по завршувањето на натпреварот Вардар – Ренова кој беше одигран минатата недела. Ова значи дека Којашевиќ право за настап во дресот на Вардар повторно ќе има во март наредната година.

Покрај овие двајца, и Горан Попов и Мухамед Усеини добија казни. Овие двајца играчи добија по два натпревари суспензија. Според ова, казната на Попов веќе истече, бидејќи поминаа два натпревари без нашиот искусен играч.