Викендов на програмата е новото, петто коло во Првата машка кошаркарска лига. Во истото во сабота, на 17-ти декември црвено-црниот кошаркарски колектив ќе биде домаќин на екипата на КК Куманово. Вардарци ќе ги пречекат сино-белите во малата сала при спорскиот центар “Кале“. Младиот тим на вардарци во првите воведни пет кола имаат пет порази и е осмопласиран, екипата на Куманово има три победи и е на делба на втората позиција со кавадаречки КК Фени Индустри.
Македонската радио и телевизија од овој натпревар од прввата кошаркарска лига се реши да врши директен пренос. Мечот кој почнува во 19.00 часот државната телевизија ќе го емитува низ директен пренос на собранискиот ТВ канал, со коментар Т.Стојановски.