Ракометната репрезентација на Норвешка за која настапува Камила Херем забележа нова победа и на тој начин успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Европскот првенство кое се игра во Шведска. Избраничките на Торир Хергирсон славеа минимално во дуелот со Унгарија (24:23), што беше доволно за пласман меѓу најдобрите четири репрезентации.
Унгарија подорбо го стартуваше овој натпревар, но Норвешка набрзина изрмни по што следеше игра гол за гол на двете страни. Сепак од втората половина на првите 30 минути, Норвешка започна да го презема водството, кое се движеше од 2-4 голови разлика. На полувреме се замина со резултат 11:9 во корист на скандинавките.
На стартот на вториот дел, Унгарија успева да го израмни резултатот и да го донесе натпреварот од почеток. Во следните седум минути се игра израмнето и ниту една од екипите не успеваат да поведат повеќе од еден гол разлика. Норвешка повторно го засилува темпото и во продолжение од мечот постојано има водство од два гола разлика. Унгарија не дозволува пред време да биде решен победникот и со голот на Горбич го израмнува резултатот на седум минути пред крајот. Решавачкиот чекор кон нов триумф го прави Норвешка која постигнува три псоледователни голови и зголемува на 23:20. Немаше време за избраничките на Расмунсен да се вратат во игра и на крајот мораа да се помират со поразот. Интересно Херем не успеа да се запише во листата на стрелци на овој меч.
На коло пред крајот на новоформираната група, Норвешка се наоѓа на првото место на табелата со 8 освоени бодови, втора е Романија со 6, додека третото место е за Данска која има 5 бодови.