Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар поразен по 13 натпревари во СЕХА-лигата, ППД Загреб ја прекина нашата серија
Вардар поразен по 13 натпревари во СЕХА-лигата, ППД Загреб ја прекина нашата серија

Вардар поразен по 13 натпревари во СЕХА-лигата, ППД Загреб ја прекина нашата серија

Вардар по 13 одиграни натпревари го доживеа првиот пораз во СЕХА-лигата. Поуспешен од нашиот шампион беше екипата на ППД Загреб кои славеа со резултат 28:26.

Натпреварот започна со гол за гол на двете страни. Деревен постигнува два од првите три погодоци на Вардар и носи водство од 2:3. Сепак неколку грешки во нашиот напад не чинат набрзина три голови во мрежата на Милиќ, од кои два беа од контра напади на Марковиќ за предност на ППД Загреб од 5:3. Намали Вардар преку Душебаев на 7:6, но следи нова серија на Загреб од 3:0, кој се одлепи на четири голови предност 10:6. Дојде и до смена на нашиот гол, на местото на Милиќ кој забелажа само една одбрана на голот застана Ангелов. Секогаш кога црвено-црните ќе се доближеа до водството, домашниот тим правеше серија од три погодоци, за во 24 минута да има највисоки 13:8. Оваа разлика се одржуваше до крајот на првото полувреме, кога на одмор се замина со резултат 16:11.

Ниту на стартот на вториот дел, Вардарци не успеваа да ја пронајдат својата игра, што му овозможува на Загреб по пет минути игр да има највисоки седум голови предност (20:13). Во второто полувреме на голот застана Штербик, но противникот и по 45 минути игра одрѓуваше убедливо водство од 24:17. Душебаев постигнува гол и внесува надеж дека Вардар може до поволен резултат до крајот на натпреварот. Со неговиот погодок намалуваме на 25:21 на десет минути пред крајот. Штербик стигнува до својата петта одбрана, што му овозможува на Македа да постигне гол за 28:24. Времете течеше се повеќе немаше време за резултатски пресврт. До крајот намаливме на 28:26, што беше и конечен резултат на натпреварот.

Игор Карачиќ, Иван Чупиќ и Вуко Борозан постигнаа по 4 голови. Во сабота не очекува последниот натпревар за оваа година против екипата на Брест Мешков.