Вардарци есенскиот дел од СЕХА лигата го завршија на првото место на табелата. Ова беше една успешна есен, кога е во прашање ова натпреварување. Вардарци по одиграни 15 рунди во СЕХА лигата, можат да се пофалат со биланс од 12 победи, две нерешени и само еден пораз, оној од Загреб во Загреб на 13.12.16 кога загубивме со резултат 28:26. Вардарци покрај овие 12 победи, одиграа и две нерешени средби. Тоа беа против тимовите на Мешков Брест, уште во првото коло на домашен терен во Скопје и против унгарскиот шампион, тимот на Веспрем на гостински терен.
Вардар оваа полусезона успеа да освои вкупно 38 бодови. Зад нас, се наоѓа екипата на Веспрем со 32 бодови, но и еден натпревар помалку. На третото и четвртото место на табела се наоѓаат Загреб и Целје со 28, односно 27 бодови. Металург годината во СЕХА конкуренцијата ја заврши на 8 место, од 10 екипи.
Со натпревари во СЕХА лигата вардарци ќе продолжат во февруари идната година.