Tuesday ,26 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Познати саатниците за 1/2фин. на Поединечно првенство, Влаќевски-Димитровски во среда од 17часот ќе атакуваат на меѓусебно финале
КУГЛАЊЕ! Познати саатниците за 1/2фин. на Поединечно првенство, Влаќевски-Димитровски во среда од 17часот ќе атакуваат на меѓусебно финале

КУГЛАЊЕ! Познати саатниците за 1/2фин. на Поединечно првенство, Влаќевски-Димитровски во среда од 17часот ќе атакуваат на меѓусебно финале

Пред нас е полуфиналето на Државното поединечно првенство во куглање, во двата 1/2-финални дуели имаме играчи на КК Вардар кои атакуваат на финале. Ударното вардарово дуо Димитровски-Влаќевски доминираат досега во првите три круга на ова натпреварување. Веќе се познати и терминот и кугларницата во која ќе се одигра оваа предпоследна етапа од натпреварувањето.

Според одлучата на кугларската федерација полуфинале  ќе се одигра на куглана „Мусандра“ во Градскиот трговски центар-Скопје. Тоа ќе се игра во среда, на 21.12.2016 година. Мечевите почнуваат во 17-00 часот, ќе се игра истовремено на четири патеки. Двајцата вардарци влегуваат со неверојатен просек во ова соочување.

dime-vlake-2

ДИМИТРОВСКИ-ВЛАЌЕВСКИ

Димитар  Димитровски има просек 638 по настап, апак Бојан Влаќевски впиша просек од 628 “соборени дрва“ по настап во трите досегашни круга. Влегуваме како фаворити во двата дуела, сакајќи да играме братско финале на 28/12/2016  во кое нема да биде важен победникот бидејќи врвот ќе биде црвено-црн. Во среда Димитровски игра со Ибрахим Мемеди, апак Влаќевски за ривал го има Виктор Николовски. Двајцата вардарци во изминатиот период по крајот на 1/4-финалето до сега работеа вредно на нивната форма со цел максимално подготвени да влезат во овој предизвик. Интересен факт е што нашите ривали се членови на шампионот и конкурентото за титула КК Макпетрол, и тие во нивниот тим се  по реализација на позициите еден-два. Очигледно најквалитетниот македонски кугларски квартет ќе се судри во “Мусандра“.