Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци есенскиот дел од СЕХА лигата го завршија на првото место
Вардарци есенскиот дел од СЕХА лигата го завршија на првото место

Вардарци есенскиот дел од СЕХА лигата го завршија на првото место

Вардарци есенскиот дел од СЕХА лигата го завршија на првото место на табелата. Ова беше една успешна есен, кога е во прашање ова натпреварување. Вардарци по одиграни 15 рунди во СЕХА лигата, можат да се пофалат со биланс од 12 победи, две нерешени и само еден пораз, оној од Загреб во Загреб на 13.12.16 кога загубивме со резултат 28:26. Вардарци покрај овие 12 победи, одиграа и две нерешени средби. Тоа беа против тимовите на Мешков Брест, уште во првото коло на домашен терен во Скопје и против унгарскиот шампион, тимот на Веспрем на гостински терен.

Вардар оваа полусезона успеа да освои вкупно 38 бодови. Зад нас, се наоѓа екипата на Веспрем со 32 бодови, но и еден натпревар помалку. На третото и четвртото место на табела се наоѓаат Загреб и Целје со 28, односно 27 бодови. Металург годината во СЕХА конкуренцијата ја заврши на 8 место, од 10 екипи.

Со натпревари во СЕХА лигата вардарци ќе продолжат во февруари идната година.