Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Харбов: ЖКК Вардар ни нуди одлични услови
Кошарка! Харбов: ЖКК Вардар ни нуди одлични услови

Кошарка! Харбов: ЖКК Вардар ни нуди одлични услови

По повод 70.годишнината која следната година се навршува од основањето на Спортското друштво “Вардар“, кошаркарскиот тим го “активира“ повторно женскиот клуб. Во текот на летото се создаде повторно екипа ЖКК Вардар. Тим составен претежно од млади девојки со неколку искусни кошаркарки. Оваа млада вардарова прволигашка екипа  тргна во лигата со пораз во првото коло, но, потоа блесна, и шест меча по ред однесе победи. Во првото коло игравме со шампионот на земјата Бадел 1862 во малата сала “Кале“, очекувано бевме поразени од тим кој е шампион и игра во регионалното натпреварување. Потоа следеа успеси и само успеси за црвено-црните.  Во следниот текст ве запознаваме со една од надежите младата кошаркарка, Ивана Харбов. Се очекува оваа млада дама да биде “столб“ во тимот во наредниот период, станува збор за млад и крајно перспективен играч кој имаме можност да биде дел од црвено-црниот женски кошаркарски тим. Ивана накратко не запознава со своите почетоци и кариерата досега.

Имам 18 години, а кошарка започнав да тренирам на 11 години. Луѓето околу мене ми препорачуваа други спортови како ракомет, карате, одбојка, но кошарка е спортот што сама си го избрав. Стартував во Водно Санс Партизан, а први тренери ми беа Никола Данев и Горан кој сеуште е тренер на истиот клуб. Две години се натпреварував со машки, а потоа ме викнаа во АКК Студент во женската лига и тренер ми беше Џељо Красниќ. Бев дел и од КК Кросиг , со тој тим бев двократен шампион во кадетска и младинска лига. Со освојување на овие титули успеав да се изборам меѓу двете млади кошаркарки избрани да присуствуваат на ФИБА кампот во Постојна, Словенија. Откако клубот се распадна, избрав да продолжам во ЖКК Вардар Младинец, а следната сезона во ЖКК Студент 2015 со тренерите Џељо, Вела и Бајо. Јас ова лето бев ангажирана со репрезентацијата до 18 години што учествуваше на Европско првенство во Сараево.

Од ова лето е дел од ЖКК Вардар. Ивана зборува за тоа каква атмосфера има во овој колектив чија форма оди во нагорна линија од ден на ден. Харбов за Вардар фанс вели:

Сега по многу промени се најдов во ЖКК Вардар каде што ни се нудат одлични услови за работа и напредок. Наизбежно е секој играч да биде задоволен од атмосферата на тренинзи и натпревари. Владее другарство и тимска игра кои се клучни за нашиот досегашен успех. Иако ние младите играчи не добиваме многу минутажа, имаме многу што да научиме како од тренерите така и од поискусните играчи кои секогаш се тука да ни помогнат, да не поправат и мотивираат.

За крај, ја запрашавме за впечатокот  од нејзиниот досегашен ангажман во Вардар, своето видување за нејзината игра и очекувањето од “кошаркарската пролет“ за нашите дами:

Јас лично сум навистина многу задоволна од мојот напредок бидејќи дури и самата чувствувам индивидуални подобрувања за разлика од претходната сезона. За втората полусезона која е пред нас напролет, подготвени сме за поголеми предизвици и целиме кон ништо друго освен победа во секој меч во кој ќе се појавиме на теренот со девојките во црвено-црна комбинација.

harbov

Михајло Тушевски