Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Иван Пашариковски:Очекувам да продолжиме со истата сигурност како и до сега, нормално да бидеме уште подобри и верувам дека на крајот двојната круна ќе припадне во нашите раце
Иван Пашариковски:Очекувам да продолжиме со истата сигурност како и до сега, нормално да бидеме уште подобри и верувам дека на крајот двојната круна ќе припадне во нашите раце

Иван Пашариковски:Очекувам да продолжиме со истата сигурност како и до сега, нормално да бидеме уште подобри и верувам дека на крајот двојната круна ќе припадне во нашите раце

Иван Пашариковски е еден од најдобрите играчи во Вардаровата генерација “2003“. Тој есенскиот дел го заврши со четири постигнати голови. Многу важен играч во составот кој го преводи Томче Трајановски, кој стана есенски шампион во регионалната лига. Многу брз играч кој игра како лево крило и создава голема опасност кон противничките голови. Ова е негова четврта година во црвено-црниот дрес.

-Мојот постар брат тренираше фудбал и јас како мал со мојот татко одевме на неговите тренинзи и натпревари. Од тогаш кај мене се пројави желбата да започнам да тренирам фудбал. Моите први почетоци се во фудбалскиот клуб Металург.

Оваа сезона за прв пат генерацијата родени “2003“ година имаат можност да се натпреваруваат во една поинакава регионална-скопска лига.

-Регионалната лига е нешто поразлична од детската каде се натпреварувавме минатата сезона. Тука имаме можност да играме на голем терен и повеќе да ги искажеме своите квалитети. Секако дека беше нешто ново за нас како екипа, но полека треба да стекнуваме искуство бидејќи во иднина не очекуваат натпревари во повозрасни категории.

Пред два месеци, нашите млади надежи го освоија турнирот Гази Баба Куп 2016, , кој се играше на стадионот Борис Трајковски и терените на фудбалската федерација на Македонија

-Игравме против солидни екипи. Секако дека не беше лесно да се стигне до првото место, но мислам дека покажавме квалитет и подобра игра од останатите противници и на крајот заслужено го освоивме трофејот.

Оваа генерација претрпе мали промени пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Нивни нов предводник е Томче Трајановски, а во екипата дојдоа и неколку нови играчи.

-Како поминуваше есенскиот дел се повеќе се уигрувавме со новите играчи и се вклопивме во системот на работа, кој го спроведува нашиот нов тренер, Томче Стојановски. Јас како играч кој е најдолго време во оваа екипа имам видено промена на многу тренери и серија на нови играчи. 

vardarfans-gener-20031-660x330

Вардарци се есенски шампиони со максималн број на освоени бодови во регионалната лига.

-На најголем дел од натпреварите бевме доминантни и без поголеми проблеми успеавме да стигнеме до победата. Секако имаше и мечеви каде нашите противници пружаа силен отпор, но успевавме секогаш да излеземе како победници.

Очекувањата за пролетниот дел се да продолжиме со добрите игри и што е можно поголем број на турнири надвор од Македонија.

-Очекувам да продолжиме со истата сигурност како и до сега, нормално да бидеме и уште подобри. Исто така да имаме повеќе турнири и натпревари со многу поискусни екипи од нас  надвор од границите на оваа држава. Верувам дека на крајот двојната круна ќе припадне во нашите раце.

Звонко Ивановски