Денес на турнирот во Белград младите ракометарки предводени од Драгана Пецевска Ристовска, пионерките на Вардар дојдоа до бронзата на турнирот. Тие во дуелот на Меѓународниот турнир „Трофејот на Белград-2016” се сретнаа со екипата на Будуќност од Црна Гора. Триумфиравме со 21-13, а на полувреме водевме високо со 11-5.
Црвено-црните девојки почнаа офанзивно прототив црнагорскиот ривал, поведувајќи на почетокот. Се одлепивме рано по 6 минути игра на плус четири односно, 6-2 за нас. Следуваа 3-4 минути во кои се играше гол за гол на двете страни се постигнаа по два погодоци. Предноста остана иста “плус четири“ водевме 8-4. После овој резултат Будуќност намали на 8-5 и се закани да се доближи. Сепак нашите девојки успеаа да го затворат приодот кон нивниот гол и постигнаа три гола, а непримија ниеден, со оваа серија 3-0 поведовме со 11-5. Во последните секунди Будуќност беше во напад се одбранивме имаа удар од 12 метра по крајот на времето, неуспеаа да го пробијат нашиот “жив ѕид’ со што на одмор се отиде со тој резултат 11-5.
Вториот дел почна со одбранет напад на нашите девојки и погодок во следниот за водство од 12-5 со кое го најавуваме триумфот веќе во 22 минута од овој дуел. Следните три напада се реприза на првите, одлично се браниме и погодуваме повторно поведувајќи со 15-5 во 25 минута од дуелот во Белград. Конечно малку среќа имаа и нашите противнички кои успеаа со два последователни гола да намалат на 15-7. Сепак не за само 60 секунди вративме со иста мера, повторно бевме на “плус десет“ 17-7. Мирно го водиме мечот по овој момент играме полека, во следните пет минути паднаа малку голови , водиме со комотни 18-9. Мало опуштање во нашите редови противникот намалува пред финишот на 19-13 сепак ние имаме комотна предност и победата не е доведена во прашање во ниеден момент. Со два последователни гола се одлепуваме повторно овојпат на 21-13, резултат со кој дојдовме до бронза.
Честитки за тренерот Драгана Пецевска Ристовска и сите девојки кои настапија на овој турнир, тие дојдоа до бронзата со четири победи и само еден пораз на цел турнир….Браво