Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Тимур Хамикоев од БК Вардар настапи на Европското првенство во Полска У-23, Изјава на Тренерот Пешко за Вардарфанс
Тимур Хамикоев од БК Вардар настапи на Европското првенство во Полска У-23, Изјава на Тренерот Пешко за Вардарфанс

Тимур Хамикоев од БК Вардар настапи на Европското првенство во Полска У-23, Изјава на Тренерот Пешко за Вардарфанс

Нашиот борач Тимур во 1/8 финалето на Европското првенство во Полска за борачи до 23 години се сретна со Грузиецот Качидзе каде што максимално двајцата соперниците дадоа се од себе . Качидзе се покажа како подобар во овој дуел. Во следната борба Грузиецот која следеше за само 20сетина минути не успеја да победи со понеквалитетниот Србски борач.  Жално  што вака заврши првенството на за нашиот Алтан Тимур . Не успевајќи да ги покаже својте вонсериски квалитети и способности.

Во изјава за нашиот сајт Проф.Пешко шефот на стручниот штаб на Вардар вели :

-Многу е тешко во Грчко-римски стил на нашиот континент (Европа) да освоите било какво одличје . Ќе седнеме на состанок со нашите соработници : Гајдар Гајдаров , Нено Јовановиќ . Страшо Глигоров , Младен Кечман , Хамиди Адили и ќе направиме детална анализа на нашите подготовките и резултати . Јас многу сум задоволен од презентацијата на нашите борачи , без оглед за која земја настапуваат . Секогаш после завршените битки се јавуваат “генерали“ и критичари , научници и специјалци . Во последните 2-3 години показатели докажуваат дека нашите спортисти се во подем и во нагорна фаза на развивање . Беше прашање на на момент кога ќе не израдуват со висок пласман . Имаме убава млада генерација на борачи кои можат да учествуваат на уште 2 до 3 Олимписки циклуси .Работевме на освојување на највисоките одличја во двата стила .Но кога се осврнуваме само на поединци тогаш веројатноста е многу помала . Истото ни се случи и со Хамиткоев , претендиравме за Злато но еден пораз и се беше изгубено. Сепак мислам дека нашите ВАРДАРЦИ уште многу пати ќе ја израдуват Македонската јавност со успеси од меѓународна сцена.- Изјави за Вардарфанс.мк  Пешко .

Професорот Љубиша Пешко се осврнува и на немањето подршка за работа со борачите и лошиот третман на тој спорт во Македонија :

-Доколку имавме последниве 2 години барем некаква поддршка од надлежните за спортот во Македонија јас гарантирав најмалце 3 одличја од ова Европско првенство .Се ближат Европските Олимписки игри и Светското Првенство на кое сите посакуваат Освојување на олимписка норма , тоа можам лесно да го остварам , доколку се работи и дејствува на оној начин кој јас го предлагам , со континуирана работа , план и програма , мој стручен тим , соодеветен медицински персонал , суплемнтација , логистика итн. 

За крај г-н Пешко изразува благодарност до стручните лица :

  • Хамди Адили Франција ,
  • Сажид Сажидов,
  • Страшо Глигоров ,
  • Могамед Ибрафимов ,
  • Хасан Бислими ,
  • Младен Кецман ,
  • Михаил Гаразович Мамиашвили-Претседател на Руската Боречка Федерација
  • Анатолиј Маргиев – ЦСКА Москва
  • Гајдар Гајдаров и
  • Неуморниот педагог и стратег Нено Јовановиќ . 

Како и Логистичарите

  • Ацо Рангелов и
  • Аце Поцев .

Благодарност за соработката на клубовите :

Особена благодарност  до Бизнисмените господата :

  •  г-н Сергеј Самсоненко и БетСити , исто и за
  • г-н Јовица Антов МТО БилСервисе .
Михајло Тушевски