Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Уште една недела до дербито со Макпетрол, вардарци работат под “полна пареа“
КУГЛАЊЕ! Уште една недела до дербито со Макпетрол, вардарци работат под “полна пареа“

КУГЛАЊЕ! Уште една недела до дербито со Макпетрол, вардарци работат под “полна пареа“

Една недела до дербито со Макпетрол, вардарци работат напорно и постојано во овој зимски период подготвувајќи се за стартот на лигата. Тренинзите минуваат добро, тимот и атмосферата се на највисоко можно ниво. На ростерот приклучени се и четири “новајлии“. Сениорите Влаќевски Ламбе и Ѓорѓ Поп Крстев, интересно е што на тимот му пристапуваат двајца млади нови кугларски надежи кои ќе бидат иднината на тимот понатака. Станува збор за Митиќ Мартин и Љупчо Митиќ,

Во сабота  на 21-ви јануари, на програмата е првото пролетно коло односно 6.коло во МКЛ. Оваа сезона таа има шест учесници и според пропозициите ќе се игра трикружно, односно ќе има 15 кола. Напролет ќе има доста мечеви, девет во лигата, и целиот дел во Купот на Македонија. Вардар во 6.коло е гостин во дербито со КК Макпетрол. Истото ќе се игра во кугларницата при   Спорскиот центар “Борис Трајковски“ на 21/01/2017 со почеток во  12-00 часот. Првпат во историјата на МКЛ ќе може да се следи меч, дерито на Македонија во куглање преку видео стрим. Истото ќе се пренесува на каналот на МОК-Македонскиот олимписки комитет. Ова ќе  биде голема прилика за пошироката публика да ужива во овоа дерби. Вардар е значајно ослабнат со заминувањето на Бојан Влаќевски еден од ударното дуо на вардаци кој заедно со Димитар Димитровски беше мотор на црвено-црниот тим досега. Сепак имаме верба во останатите момци. По првите пет кола прв е Макпетрол со 10 бода од 5 меча, втор е Вардар со 8 бода од исто толку мечеви со еден пораз само од “пумпашите“ во првото коло.