Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Давид Дејвис- Дојдовме во Подгорица со цел да победиме
Давид Дејвис- Дојдовме во Подгорица со цел да победиме

Давид Дејвис- Дојдовме во Подгорица со цел да победиме

Денес не чека првиот тест на турнирот од Регионалната ВРХЛ лига. Вардарки првиот настап во оваа година  ќе го имаат на турнирот во Подгорица, каде девојките  во првото коло ќе играат против Будуќност. Оваа екипа е  нашиот традиционален ривал последниве години. Давид Дејвис, тренерот на Вардар, за регионалниот предизвик  вели:

Одиме во Подгорица со цел да победиме, и да видиме како ќе функционираат нашите редови. Ќе ја играме нашата игра, и ќе видиме до каде сме со формата. Ние една недела напорно трениравме во Скопје. Задоволен сум како ракометарките ги поднесоа овие подготовки, но и од нивното професионално однесување. Сите дојдоа во топ форма, и немавме проблем со одржување на физичката подготвеност. Сега ќе работиме на воигрување и тактиката. Добро е што веднаш ќе играме мечеви на високо ниво, против силни ривали. Тоа ќе ни даде слика за нашата форма, и за она што ќе треба да го доработиме за во иднина. Имаме време до почетокот на главната фаза од лигата на шампионите, и сакам да бидеме целосно подготвени.