Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Утре пречек за борачите на Вардар на аеродромот Велики
Утре пречек за борачите на Вардар на аеродромот Велики

Утре пречек за борачите на Вардар на аеродромот Велики

На Европското првенство за борење до 23 години кое се одржа во Полска во градот Валбрежич, БК Вардар се врати со бронзен медал кој го освои Зубаиров Халил. Ова е голем успех за Македонското борење и воопшто за спортот во Македонија.

Затоа ги повикуваме сите љубители на Македонскиот спорт и подржувачите на БК Вардар утре во 13:30 пред Хотелот Русија ќе биде собирното место за тргнување. Да им обезбедиме достоен пречек на нашите борачи на аеродромот, да се собереме во што поголем број. После долг период имаме повторно медал од едно Европско првенство во нашата земја.

Честитки за цел стручен штаб и за сите момци кои успешно ги бранеа црвено-црните бои.