Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Победа за кадетките, пораз за младинките на Жрк Вардар
Победа за кадетките, пораз за младинките на Жрк Вардар

Победа за кадетките, пораз за младинките на Жрк Вардар

Кадетките на Жрк Вардар предводени од Благојче Весиќ  продолжуваат со настапи во првенството. На гостувањето во Прилеп, забележаа убедлива победа против екипата на Филип Вардар со резултат 9:38. Уште по првото полувреме беше решен победникот, кога на пауза се замина со предност од 5:18.

Најефикасни беа Александра Вељаноска која постигна 7 и Сашка Филипоска со 6 голови.

Жрк Вардар(кадетки) Мицевска, Костовска, Китановска, Николовска 4, Стамова 4, Белимова 2, Стојмановска 3, Колевска 1, Вељаноска 7, Георгиевска 1, Станикевска 3, Тодоровска 2, Давкова 4, Филипоска 6, Костадиновска 1, Спасовска 1.

Младинките доживеаа пораз на гостувањето во Струга, против екипата на Стружанка. Конечниот резултат гласеше 17:13.

Вељаноска и Стојмановска постигнаа по 3 гола.