Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Петар Петковски: Се радувам за мојот првенец во дресот на најголемиот клуб
Петар Петковски: Се радувам за мојот првенец во дресот на најголемиот клуб

Петар Петковски: Се радувам за мојот првенец во дресот на најголемиот клуб

Фк Вардар и Раднички одиграа 1:1 во пријателски натпревар кој се одигра во Ниш. Во составот за овој меч се најдоа и двајца играчи од кадетите и двајца од младинците. Еден од младинците, Петар Петковски го спаси Вардар од пораз, донесувајќи му реми на осум минути пред крајот на мечот.

-Се радувам што уште на моето прво деби го постигнав мојот првенец против екипата на Раднички, за најголемиот и најтрофејниот клуб Вардар.

Само што започна вториот дел Попов доби црвен картон и Вардар продолжи со 10-мина играчи на теренот.

-Влегов во второто полувреме, но поради добиенот црвен картон на Попов беше многу тешко. Имаше многу за трчање, чекавме некоја контра. Така беше во 82 мин. кога топка одзема Деспотовски и тргнавме во контра. Со прекрасен шут постигнав гол, кој е мој првенец за првиот тим на Вардар. Се надевам дека ќе продолжат да ми даваат шанса. Да покажам што знам и да бидам стандарден играч, ни изјави Петковски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски