За фудбалерите на Вардар по паузата на шампионатот поради репрезенативните настапи продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ. Вардар ја искористи паузата и одигра меч во Ниш со тимот на Раднички кој заврши со резултат 1-1 .
Во сабота следна цел се 3 бода од гостувањето во Штип кај “давеникот “ Брегалница . Тимот на Влатко Костов е во зоната за испаѓање на претпоследната позиција на табелата така да бодовите се повеќе од потребни и за домаќините на мечот . Штипјани оваа пролет освоија 5 бода на првите 4 мечеви од кој во последното коло го изненадија нагости актуелниот шампион на Македонија ФК Работнички . Овој кикс на конкурентот за титулата момците на Сергеј Андреев не успеа да го валоризираат и со несреќната интервенција на Пачовски во самиот финиш од дуелот со Пелистер остана повторно на три бода позитива во однос на второпласираниот тим од гратски парк .
Црвено-Црните мораат да го освојат Штип недозволиво е за тим од овој калибар со волку квалитетни играчи во својот состав повторно да не се освои цел плен на два меча едно по друго. Навивачката група Комити како и секогаш ќе биде присутна и на овој меч на Гратскиот стадион во Штип.
фото: fkvardar.mk