Младинците на одбојкарскиот клуб на Вардар веќе неколку денови активно тренираат и се подготвуваат за новите предизвици кои ги очекуваат во продолжението од младинската лига. На оваа фотографија се наоѓаат тројца играчи на младинската екипа кои во иднина треба да бидат и носители на првиот тим на ОК Вардар. На оваа фотографија се: Филип Здравкоски, Давид Стојанов и Бојан Џамбазов.
Филип Здравкоски во краток разговор за нашиот сајт го изјави следното:
– Подготвени сме за стартот на пролениот дел во првата младинска одбојкарска лига и со нетрпение ги очекуваме нашите натпревари на кој треба да се радуваме на нови успеси и победи.
Димитар Гогов