Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Младен Донковски: Во дербито со ГТЦ не очекува крајно неизвесен, интересен и изедначен дуел

Куглање! Младен Донковски: Во дербито со ГТЦ не очекува крајно неизвесен, интересен и изедначен дуел

Во следниот текст разговараме со еден од најдобрите поединци во кугларскиот колектив Младен Донковски. Тој во вардаровите редови  премина пред две години. Претходно во својата кариера има настапувано во тимот на КК Империал Тобако. Донковски е играч кој е важен за црвено-црните секогаш е во врвот со своите постигнување, кугларски талентиран, физичките предизпозиции за овој спорт му се одлични, интелигентен и колективен играч. Утре го чека мегдан него и целиот тим предводен од клупата од искусниот стратег Драги Димитровски со КК ГТЦ, меч кој е дерби за 2.позиција во МКЛ. Што очекува Младен од овој меч и од продолжетокот на сезоната дознаваме во продолжение.

Утре на програмата е 7.коло од МКЛ, ние сме домаќини на КК ГТЦ Мусандра во дерби натпревар за вицешампионската позиција. Очекувам крајно неизвесен, интересен и изедначен дуел со победа од 5:3 на една од двете екипи. Ако можам да ја наведам како наша предност во дуелот со ГТЦ, тоа е Димитар Димитровски.  Нас ни претстои продолжетокот од сезоната 2016/17 и за крај Купот на Македонија. Во првенството очекувам да го сочуваме 2-то место, а во Купот очекувам во најмала рака одбрана на 2-та позиција од претходната сезона, евентуално со голема доза на среќа, повторување на успехот од сезона 2014/15 и освојување на ова натпреварување.

Какви беа амбициите на црвено-црните на почетокот на сезоната и сега дознаваме во продолжение. Младен и Дарко Димитровски во продолжението на сезоната ќе бидат под голем притисок бидејќи очекуваме да влезат во ритам знаејќи ги нивните квалитети и да ја надополнат празнината која ја остави заминувањето на Влаќевски.

16395797_10210808577562334_868573806_n

Пред почетокот на оваа сезона, целта ни беше изненадување и симнување од тронот на повеќекратниот шампион Макпетрол, но со заминувањето на Бојан во Медвешчак (Хрватска) на полусезона, ќе мораме да се задоволиме со освојувањето на 2-та позиција. Никој во клубот неможе да го замени Бојан, кој зимава замина во Медвешчак, да бидеме реални. Една работа се очекувањата, а друга е реалноста Можеме сите соиграчи како колектив да се потрудиме да ја пополниме дупката што остана по неговото заминување, и да ја потврдиме 2-та позиција на крајот од сезоната.

Донковски речиси секогаш во есенскиот дел беше на “позиција три“ зад ударното вардарово дуо. Одличен беше и на  поединеченот турнир по повод 13 Ноември денот на ослободување на Скопје од фашистичката окупација. Нашиот Младен Донковски се закити со “бронза“ беше на  3.место со одлични  588 “соборени дрва“. Го запрауваме како е задоволен од себе во досегашниот дел од оваа натпреварувачка сезона:

Донковски “бронзен“ на 13-то Ноемврискиот турнир!

Донковски “бронзен“ на 13-то Ноемврискиот турнир!

Во куглањето секогаш може повеќе, колку добро и да си изиграл. Неможеш да се задоволиш со постигнатиот индивидувален резултат. Освојувањето на 3-то место на поединечниот меѓународен турнир на Град Скопје „13-ти Ноември“ беше сосема неочекувано за мене, но ми даде мотив плус за понатаму. Државното поединечно првенство го завршив во „златната средина“, на истото место бев и по поединечните просеци за есенскиот дел. Неможам да кажам дека сум 100% задоволен, но можам да ветам дека со работа ќе ги подобрам индивидуалните резултати, кои ќе бидат добредојдени и за клубот.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ