Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Аџиќ: Вардар доминираше во групната фаза и е еден од најсериозните кандидати за освојување на трофејот

Аџиќ: Вардар доминираше во групната фаза и е еден од најсериозните кандидати за освојување на трофејот

По повод неделниот натпревар против ЖРК Вардар, екипата на Будуќност денес одржа прес-конференција на која ги искажа очекувањата за овој дуел. На него говореше, шефот на стручниот штаб, Драган Аџиќ кој истакна дека неговиот состав го очекува тежок натпревар. Тој истакна дека поради повреда ќе недостасуваат три ракометарки, а посебно голем хендикеп за нив е неиграњето на средниот бек. Милена Раичевиќ.

-Верувам дека ќе одговориме на предизвикот и ќе го смириме Вардар на ниво, кое на нас ни одговара и кое може да ни донесе победа. Нема да играат Милена Раичевиќ, Билјана Нововиќ и Маловиќ. Тоа е голем хендикеп за  нас, но девојките кои се здрави работат одлично. Верувам во нив и во победата. Вардар покрај добри има и лоши страни, кои се надевам дека ќе ги искористиме во недела.

Аџиќ потенцираше дека Вардар оваа сезона е еден од најголемите фаворити за освојување на лигата на шампиони.

-Останатите играчи кои беа дел од Вардар прераснуваат во лидери на екипата. Вардар доминираше во групната фаза и е еден од најсериозните кандидати за освојување на трофејот. Ние против такви екипи сакаме да покажеме највеќе, докажеме дека вредиме и дека можеме да се надигруваме со најдобрите, рече Драган Аџиќ.