Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Циндриќ остана без финале, Норвешка во продолженија подобра од Хрватска

Циндриќ остана без финале, Норвешка во продолженија подобра од Хрватска

Познати се финалистите на светското ракометно првенство во Франција. За златото ќе се борат токму домашната репрезентација и Норвешка, додека во малото финале ќе играат Словенија и Хрватска.

Единствениот Вардарец кој имаше можност да се бори за златото ја загуби таа можност. Лука Циндриќ со Хрватска пропушти голема шанса да победи и да се пласира во финалниот меч. Тие беа поразени дури по две продолженија, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник. Избраниците на Жељко Бабиќ добро го отворија натпреварот и на стартот имаа водство од 4:1, а својот прв гол, Норвешка го постигна дури во 8 минута. Сепак како течеше натпреварот, Норвешка играше се подобро и ја топеше предноста на Хрватска, која имаше водство и од 6:4, но дозволи да прими три гола во серија и за прв пат противникот да има водство од 6:7. Имаа Норвешка и предност од 8:10, а оваа позитива од два гола ја задржа и по истекот на првите 30 минути, кога резултатот на семафарот гласеше 10:12.

Во второто полувреме на голот се разбрани Пешиќ, што и овозможи на Хрватска да ја врати предноста од стартот на мечот и да поведе со 16:15 со голот на Марко Мамиќ. Во продолжение од дуелот се играше гол за гол а во последните седум минути влеговме со нерешен резултат 20:20. Хорват и Контрец носат два гола водство за Хрватска, која во тој момент беше побликсу до победа. Норвешка врати со два гола за израмнување, но избраниците на Бабиќ имаа напад за погодок. Муса беше фаулиран речиси со истекот на60-те минути, по што судијата се одлучи да покаже седмерец, иако дискутибилна беше нивната одлука, бидејќи противничкиот играч не беше во полето од шест метри. Хорват ја имаше судбината во свои раце, но Бергеруд можеби ја имаше одбраната на кариерата. Мечот влезе во продолженија, од два пати по пет минути. Хрватска пдообро отвори имаше и водство од 24:22, но Норвешка израмни на 24:24. Првиот гол во вторите пет минути беше за Норвешка која поведе, додека Хрватите вратија во следниот напад за 25:25. Финишот им припадна на Норвешка кои постигнаа три последователни голови за конечен резултат 25:28.

Интересно е што Лука Циндриќ немаше минутажа и без гол го заврши полуфиналето. Во недела на програмата е големото финале.