Вардарки утре ги очекува првиот натпревар во новата година, во рамките на главната рунда од лигата на шампиони. Нашиот состав во Подгорица ќе гостува на екипата на Будуќност, во обид да стигне до првата победа на теренот на противникот. Најголемата опасност по нашиот гол сигурно дека ќе доаѓа од бековскиот тандем, Булатовиќ и Неагу, а репрезентативката на Црна Гора во пресрет на овој натпревар со свои очекувања го изјави следново.
-Не очекува меч против еден од најсилните наши ривали и екипа која се вбројува меѓу најсериозните кандидати за освојување на Лигата на шампионите. Адреналинот ќе биде многу повисок во однос на натпреварот од Регионалната Лига. Вардар пред тој меч немаше многу тренирано и тоа не беше нивното вистинско лице. Но, сите знаевме како играа во првата фаза од Лигата на шампионите. Сигурно е дека ова ќе биде тежок и возбудлив меч. Никој нема да се штеди, бидејќи во игра се бодови кои многу значат.