Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: Савов стрелец на единствениот гол во првиот финален натпревар од националниот куп на независна Република Македонија во 1993 година

Историја: Савов стрелец на единствениот гол во првиот финален натпревар од националниот куп на независна Република Македонија во 1993 година

Жанко Савов – Стрелец на единствениот гол во првиот финален натпревар од националниот куп на независна Република Македонија во 1993 година беше Жанко Савов.Токму благодарение на неговиот погодок во последните минути од мечот, Вардар го совлада битолски Пелистер со минимални 1:0 освојувајќи го премиерниот трофеј во најмасовното натпреварување на домашната фудбалска сцена.

Жанко Савов е роден на 14 септември 1965 година во валандовско Удово. Боите на „црвено-црниот“ великан од Скопје ги брани во периодот од 1991 до 1995 година кога Вардар со трите освоени титули во првенството и двата трофеи во купот, неприкосновено владее на македонската фудбалска карта во првите три сезони по осамостојувањето на државата.