Го добивме и вториот патник во финалето. Во еден многу изедначен натпревар, на крај, Норвешка се пласираше во големото финале каде ќе и се спротистави на Франција. За третото место ќе се борат селекциите на Словенија и Хрватска.
И по овој одигран натпревар, нашиот капитен Кирил Лазаров останува лидер по бројот на погодоци. Нашиот капитен сега има девет голови повеќе од Бјорсен, односно десет повеќе од Сагосен. И двајцата играчи на Норвешка ќе имаат уште по еден натпревар можност за да го “симнат” нашиот Лазаров од првото место.
Листата на стрелци во овој момент изгледа вака:
Лазаров 50
Лопез 47
Банур 45
Екберг 43
Бјорсен 41 (уште еден натпревар)
Сагосен 40 (уште еден натпревар)