Пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар веќе четврти ден се наоѓаат во Дојран, каде го одработуваат главниот дел од подготовките. Тие веќе ги одиграа и првите контролни натпревари на кои забележаа победи.
Пионерите на ФК Вардар одиграа против генерацијата на Беласица родени 1999 година. Црвено-црните издвојуваа победа. Конечниот резултат гласеше 5:0. По првото полувреме имавме водство од 2:0 и тоа со двата гола на Али Адем. Во второто полувреме уште три голови во противничката мрежа, од кои два првенци во Вардаровиот дрес за Андреј Рајатоски како и Стефан Наумчевски кој дојде од екипата на Металург. Се играа две полувремиња, во времетраење од 40 минути.
Против истиов противник, екипата на Беласица и тоа една генерација повозрасни (родени 2000 година) контролен натпревар одиграа и помладите пионери на Вардар кои ги предводи Сашо Јанев. И тука на полувреме имавме водство од 2:0. Во вториот дел го зголемивме водството на 4:0, што беше и конечен резултат на овој натпревар. По два гола на овој дуел постигнаа Марио Спировски и Малик Хасановиќ.
Успешна контрола на првите натпревари за нашите екипи на подготовките во Дојран, каде се работи и на физичката подготовка на играчите. Во Дојран остануваме во недела, по што продолжуваме со тренинзи во Скопје, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.