КК Вардар доживеа уште еден пораз во елитата. Нашите кошаркари вчера загубија од Кожув со резултат 86:73. Иако Адекунле постигна 26 поени, сепак, ниту тие не беа доволни за позитивен резултат од овој натпревар.
Првата четвртина Вардар ја одигра катастрофално. Успеа да постигне само 9 поени, а прими и дури 26. Уште по првата четвртина се надзираше победникот. И вториот период тимот од Гевгелија го доби, овој пат со резултат 21-17. Второто полувреме Вардар го одигра подобро. Третата четвртина ја добивме со резултат 26-24, додека пак последната со резултат 21-15.
Во редовите на Вардар и на овој натпревар се истакнаа само двајца играчи. Адекунле одигра одличен натпревар, постигна 26 поени, имаше 8 скокови и 2 асистенции. Робев беше вториот расположен играч во нашиот табор, овој играч постигна 17 поени. Во победничкиот тим Хал постигна 21 поен.