Вчера нашиот Вардар дојде до првата победа во новата 2017 година во ЛШ. Нашите играчи лесно се справија со екипата на ППД Загреб и славеа победа со резултат 25-20 (14-8). Со овој триумф РК Вардар изби на лидерската позиција во групата Б. Сега нашиот тим има исти број на бодови со Киелце.
