Трите наши екипи кои учествуаат на силниот маѓународен ракометен турнирот во Зрењанин обезбедија четвртфинале. Тие вечерва играа мечеви за “виза“ во топ-4 делот и борба за медали. Пионерите на РК Вардар предводени до Будимир се надминаа себе и ја исфрлија Црвена Звезда. Пионерките на Вардар, избраничките на Ристова и Пецевска обезбедија исто така место во полуфиналето, единствено не успеаа младинците.
После вчерашните победи против екипите на Звезда Мокрин и Младост ТСК, денес пионерите на РК Вардар стигнаа до нова победа над екипата на Смедерово. Со овие три победи тие закажаа меч во четвртфиналето. Вечерва машки пионерите на РК Вардар предводени од Андријана Будимир се пласираа во полуфиналето на турнирот во Зренањин. Тие со пласманот во полуфиналето ја продолжија победничката низа победувајќи го Белградскиот фаворит Црвена Звезда со резултат 13-6. На почетокот Звезда го отвори мечот со 0-2, по кратко време вардарци се консолидираа и ја преземаа иницијативата. Тие поведуваат со 3-2. Водството го одржуваа и зголемуваа до крајот на првиот дел. Истото заврши во наша полза 7-3. Во исти стил, со цврста одбрана и ефикасен напад продолжија момците на Будимир маестрално и во вториот период. На крајот од мечот завршуваме со висока предност триумфираме 13-6. Утре во 11-20 нашите момци играат полуфинале ке бидат во битка за второ последователно финале на овој силен меѓународен турнир. Наш противник е екипата на Спачва.
Пионерките тргнаа со победа на турнирот вчера, денес во вториот меч од групата се сретнаа со екипата на Белград. Нашите девојки триумфираа со 18-6 и си “визираа“ четвртфинален дуел. Во дуелот за пласман во најдобрите четири екипи тие се сретнаа попладнево со тимот на Пролетер. Нашите девојки како првопласирани обезбедија место во четрвртфиналето. Девојките се надминаа себе и остварија победа со 17-15 со која си закажаа полуфинале за утре со екипата на Срем. Тие утре, во 10-00 часот во салата Кристална сала, ќе го играат полуфиналето .
Младинците на РК Вардар утрово го одиграа и третиот натпревар во групната фаза, на турнирот во Зрењанин. После двете победи против екипата на Колубара и Јуниор, Вардар денес загубија против екипата на Војводина сепак тоа не беше пречка за пласман во топ-8 екипите. Тие во четвртфиналето се сретнаа со екипата од Србија тимот на РК Партизан. Момците од Белград беа поуспешни и триумфираа со 20-14 со што си закажаа борба за финале. Тие утре ќе играат со Суденски Град за пласман од петтото до осмото место на овој турнир.