Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе останува во Вардар!?
Фелипе останува во Вардар!?

Фелипе останува во Вардар!?

За три часа завршува трансфер периодот во Македонија, но не и во Русија. Последните неколку денови се појавија информации дека најдобриот играч на ФК Вардар, Фелипе ќе замине од таборот на “црвено – црнитe”. Очекувано оваа вест донесе големи критики од страна на вардаровите навивачи.

Фелипе е интересен за рускиот тим на Анжи. Бразилецот своето внимание кон себе го привлекол на пријателскиот натпревар кој Вардар го одигра токму против Анжи во Анталија.

Според “Вардар Фанс”, Фелипе ќе остане во Вардар барем до крајот на сезоната! Фелипе денеска со екипата пристигнува во Скопје, што е уште еден голем знак дека бразилецот ќе остане во нашиот табор.