Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Душебаев: Лидери сме, да уживаме во тоа
Гонзалес и Душебаев: Лидери сме, да уживаме во тоа

Гонзалес и Душебаев: Лидери сме, да уживаме во тоа

Вечерва во СЦ. „Јане Сандански“ Вардар дојде до значајна победа против тимот на Загреб. Со оваа победа нашиот тим изби на лидерската позиција на табелата во групата Б. По натпреварот на прес-конференција се појавија Гонзалес и Душебаев од нашиот тим, кои го изјавија следново:

Најпрвин да им честитам на противниците за одличниот меч. Играчи дадоа се од себе, честитки за тоа. што се однесува до мечот, одигравме доста добар дуел. имавме разлика од шест гола на полувреме, имавме добра одбрана во воведните 15 минути. Арпад Штербик исто така беше на високо ниво. Ги користевме сите контранапади за да дојдеме до предност од шест гола. Не игравме на истото ниво во второто полувреме, но генерално, многу е тешко да се држи таков ритам против Загреб кој е квалитетен тим. Имавме и проблеми во играта седум на шест, но за нас најважно е дека сме први и дека може да уживаме во моментот. – Изјави Гонзалес.

„Почнавме доста добро, бевме одлични во првото полувреме, завршивме со шест разлика. Имавме и седум-осум гола предност, но во последните 15 минути кога Загреб играше седум на шест имавме доста проблеми. Најважно е дека издржавме. Секогаш е тешко да се игра против екипа како ППД Загреб. На крајот најважна е победата, но мора да продолжиме да се подготвуваме за дуелот со Сегед. Нема опуштање“, – изјави Душебаев.